Франција и Данска со реми од 0-0 во меѓусебната пресметка рутински си ја одработеа задачата во третото коло, обезбедувајќи си го пласманот во осминафиналето од мундијалот. Нерешениот исход им одговараше и на двете селекции, „триколорите“ за да се задржат на првото место во групата, а Данска за да биде сигурно втора, па токму поради тоа и едните и другите многу повеќе размислуваа на сочувување на сопствената мрежа, отколку на напади кон противничкиот гол.
Дидие Дешамп ја искористи можноста, па им даде заслужен одмор на дел од стандардните првотимци, што воопшто не се одрази на играта во одбрана што делуваше цврсто, не дозволувајќи им на Данците да создадат стопроцентна шанса пред голот на Манданда.
Така, Франција како првопласирана селекција во осминафиналето ќе се сретне со втората репрезентација од групата Д (Аргентина, Исланд или Нигерија), додека Данска во следната рунда ќе ги одмери силите со Хрватска.
Во последниот меч од групата Ц селекцијата на Перу ја совлада Австралија со 2-0, за свој прв мундијалски триумф по пауза од 36 години. Карилјо со прецизен волеј удар донесе предност во првото полувреме, за конечните 2-0 во вториот дел да ги постави Гереро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА