Новалијата ТФТ не успеа да приреди сензација во четвртфиналето од Купот на Македонија откако во неизвесна завршница загуби од Работнички со 66-62. „Црно-белите“ одиграа одличен натпревар во кој во поголемиот дел го дикитираа темпото, но ја задржаа добрата игра и во самата завршница во која пресуди искуството на нашиот најтрофеен клуб.
По натпреварот тренерот Боро Смилковски им честиташе на своите играчи да 40. минутната борба на паркетот…
„Му честитам на Работнички за победата, мислам дека немаше да биде незаслужено и ние да славевме на крајот. Иако е клише, една топка решаваше за победникот и можеби тоа што бевме хендикепирани со неиграњето на Митревски и Зафиров. Имавме некои фундаментални грешки што се должи на неискуството на моите кошаркари, но сите тие заслужуваат само честитки за борбата залагањето и сето она што го покажаа на теренот и за машката кошарка. Играме со Работнички и во плеј-офот, серијата почнува в среда и ќе се обидеме да се подобриме и да изненадиме“, изјави тренерот на ТФТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА