Младинската машка селекција претстојното лето ќе земе учество на Европското првенство за кошаркари до 20 години Дивизија А.
Кошаркарите, предводени од селекторот Боро Смилковски и неговите асистенти Методија Бешлиовски и Миодраг Тодоровиќ, ќе настапат во Гдиња, Полска, во период од 13. до 21. јули. Првиот собир на оваа национална селекција е закажан за 10. Јуни, 2024 година, во СРЦ Кале со почеток во 16 часот.
Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, а по десетина дена ќе замине во Црна Гора на пријателски двомеч. Месец јуни ќе го комплетира со уште еден двомеч, против соодветната национална селекција на Словачка на домашен терен. Последна контрола пред настап на младинскиот Евробаскет е закажана повторно во Скопје, со селекцијата на Швајцарија.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Андреј Шошкиќ – Работнички
Михаил Стојанов – ТФТ
Ненад Јовановиќ – Розето Баскет
Рубин Стефанов – Пескара Баскет
Алек Петкоски – Феникс 2010
Петар Бошалески – Работнички
Лука Димитриевски – МКК Куманово
Бојан Стојановски – МЗТ Уни Банка
Ангел Кечовски – Ангели
Гојчо Стевковски – МЗТ Скопје Аеродром
Петар Башоски – Бланка де Кастилја
Григориј Јакимовски – Некст Степ Рапалјо
Никола Бојчев – Еуро Никел 2005
Павел Иванов – Кожув
Тома Стојаноски – Гостивар
Виктор Стојковски – Навико Академија ФМП
Метин Саити – Работнички
Теодор Симиќ – Игокеа
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА