ТФТ го отвори четвртиот „балон“ на АБА2 лигата со пораз откако загуби од Подгорица со 88-83 во натпревар во кој скопскиот тим одигра одлични 15. минути по кои имаше и предност од 16 поени, но не успеа да ја задржи предноста до самиот крај па загуби во последните 90 секунди од средбата.
Тренерот Боро Смилковски по натпреварот напомена дека немаше да биде заслужно и ТФТ да го добие овој натпревар и имаше пофални зборови за неговите играчи кои храбро се бореа на теренот и покрај проблемите со повреди и ротацијата со оглед на личните грешки.
„Честитки до екипата на Подгорица за заслужената победа, но немаше да биде заслужено и ние да го добиевме овој натпревар. Евидентно беше дека имаме кадровски проблеми. Дојдовме на овој турнир без нашиот стартен центар, веќе некое време сме без Марковски и во таа некоја ситуација и скратена ротација добро го отвориме натпреварот и мислам дека клучот за поразот беше тоа што не успеавме да го искотролираме ритамот на крајот на втората четвртина кога примивме околку 15 поени. Тука негде ја гледам причината за поразот. Тоа што морам да го кажам дека во последните десетина минути во кои останавме без некои ротации на високите позиции одигравме одлично и за тоа им честитам на играчите. За борбеноста, за пожртвуваноста, енергијата и среќен сум што сум нивни тренер. Ќе биде тешко против Суботица, но се надевам дека ќе успееме да пружиме отпор“, изјави Боро Смилковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА