ТФТ во полуфиналето ја заврши одбраната на трофејот во Купот на Македонија, откако претрпе убедлив пораз во денешната пресметка со МЗТ Скопје.
Тимот од скопско Тафталиџе немаше енергија по синоќешниот дуел со Работнички, му дозволи на противникот целосно да доминира и убедливиот пораз на крајот беше апсолутно неизбежен.
„Пред се честитки за изданието на тимот на МЗТ Скопје, мислам дека сите бевме сведоци на најдобриот меч на еден тим во македонската кошарка. Со ваква игра не се сомневам дека МЗТ ќе обезбеди опстанок во АБА1. Ние не успеавме да примениме ништо од она што го договаравме и заслужено го загубивме овој меч. Едно е сигурно, ова издание и овој убедлив пораз не е реална слика за квалитетите што овој тим на ТФТ ги поседува. Без оглед што не успеавме да стигнеме до финалето, и годинава покажавме добра кошарка, задоволството од оној лански пехар се уште е кај нас“, изјави тренерот Боро Смилковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА