Кошаркарите на ТФТ се блиску да се пласираат во финалето на плеј-офот во АБА 2 кошаркарската лига, откако го совладаа тимот на Сутјеска на гостувњето во Никшиќ со 93-88.
По мечот тренерот на скопскиот клуб Боро Смилковски анализираше и објасни каде ја направија разликата неговите кошаркари.
„Сакам да им се заблагодарам на Сутјеска и на целата организација за нивното гостопримство. Што се однесува до играта – ова е фантастичен резултат. Игравме против исклучително добар тим. Првото полувреме беше одлучувачко, каде што игравме маестрално. Имавме 16 асистенции, над 50 поени, над 20 поени во транзиција. Влеговме добро во играта, пристапот беше добар и можеби тоа беше клучот. Се очекуваше Сутјеска да се обиде да се врати во второто полувреме и да покаже квалитет. Успеавме, иако имавме проблеми со фаулите. Губевме со 1:0 против Златибор, а во вториот натпревар бевме 19 поени зад нив. Оваа серија не е завршена. Денеска е добро да си ТФТ, но мора да се подготвиме за следниот натпревар што е можно поскоро. Сигурен сум дека Сутјеска ќе направи сè за да ја врати паузата“, изјави Смилковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

