Смилковски: Поради вакви натпревари сакавме да бидеме дел од АБА2

ТФТ стигна до историска победа во АБА2 лигата откако во првиот меч на третиот балон на регионалното првенство славеше против Подгорица во супердраматичен натпревар. „Црно-белите“ се вратија од -12 во последната четвртина благодарение на одличниот Костоски, а потоа во дополнителните пет минути славеа и голема победа.

Импресиите од победата по мечот не го криеше тренерот Боро Смилковски…

„Чувството не можам да го опишам. Поради ова сакавме да бидеме дел од ова натпреварување. Се подготвувавме за овој натпревар, Подгорица беше фаворит како еден физички граден тим кој игра агресивно на топка, на линијата на додавање и во скокот. Мислам дека добро отворивме и добро напаѓавме од „пик енд рол“, а во втората четвртина кога влеговме во ротација изгубивме сила. Се обидовме со изолација која не донесе плод. Еден од клучните моменти беше крајот на втората четвртина кога се вративме од голема негатива од шест. Зборевме дека треба да го поправивме скокот, имавме и некои осцилации во второто полувреме, но мислам дека енергијата ни дојде на целосен прес, ја разбуди екипата и се вративме. Честитки до момците“, изјави тренерот на ТФТ.

Се вчитува...