По сезоната за заборав во која не беше изборено учество ниту во плеј-инот на Евролигата, а и беше елиминран со „метла“ во АБА-лигашкото финале Партизан ќе се обиде да направи целосна реконструкција на ростерот, a ќе им бидат продолжени договорите на само мал дел од кошаркарите.
Еден од нив се очекува да биде Џејлен Смит, Американецот со хрватско државјанство кој ни самиот на ја крие желбата и следната сезона да го носи дресот на Партизан.
„Видов дека се шпекулира дека сум потпишал договор, но можам да кажам дека се уште не е тоа случајот. Моментално преговараме. Ми се допаѓа тимот, би кажал дека и тие се задоволни со начинот на кој ја завршивме сезоната. Во моментот преговараме, а сликата ќе биде појасна во следните седмици. Ќе видиме што ќе биде, но знам дека би сакале да ме вратат назад. И јас сум заинтересиран. Би сакал што поскоро да се заврши за да се вратам назад во Србија, во Белград па да се фокусирам целосно на олимписките квалификации“, изјави Смит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА