Крис Смолинг сосема неочекувано ја имаше улогата на херој, постигнувајќи го победничкиот гол за Манчестер јунајтед на гостувањето против Манчестер сити. Дефанзивецот откри и кои биле советите на Жозе Мурињо на полувремето од градското дерби, откако „ѓаволите“ по 45 минути игра се најдоа во негатива од 2-0.
„Знаевме дека одигравме лошо, бевме далеку под своето ниво и се исклучивме по првите 15 минути. Немаше потреба тренерот да ни говори премногу, знаевме колку сме очајни, но тој ни порача дека не сака ние да бидеме кловновите на забавата на сити, да ја следиме нивната прослава за титулата. Видовте што се случи потоа – второто полувреме го одигравме перфектно и заслужено славевме“ – изјави Смолинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА