Смолинг нема да се враќа до крајот на февруари

Дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг и натаму не е опоравен од повредата која го оддалечи од терените уште од септември, а последните информации се дека Мурињо ќе остане без искусниот дефанзивец до крајот на февруари.

Англичанецот има повреда на коленото која е хронична, и се очекуваше да продолжи со тренинзите после само неколку години, меѓутоа неговиот „кам-бек“ ќе биде одложен.

Централниот стопер не е опериран, и засега нема намера да прави зафат. Стравува дека компликациите би можеле предвреме да ја завршат неговата кариера. Поради тоа што не сака операција, рехабилитацијата би можела да трае подолго.

Се вчитува...