Смртни закани до Пулишиќ по хаосот во Рим

Навивачите на Лацио не можат да му простат на Кристијан Пулишиќ за неговата улога во хаосот на синоќешното дерби во Рим што Милан го доби со 0-1, а тројца домашни фудбалери заработија црвени картони.

Пулишиќ беше директен „виновник“ за два од нив, откако по дуелот со Пелегрини домашниот дефанзивец доби црвен картон при 0-0, а потоа во судиското продолжение поцрвена и ГЕндузи, кој го удри фудбалерот на Милан откако Пулишиќ прв го влечеше за дрес (Американецот доби само жолт картон).

Италијанските медиуми информираат за бројни смртни закани кои фудбалерот на Милан на неговите профили на социјалните мрежи.

„Сите пари да ги потрошиш на лекови, мајка ти е мртва… Не сакам да умреш, туку да патиш полека секој ден…. Уми од рак, ти г..но“, се само дел од навредите што навивачите на Лацио ги упатуваат до Пулишиќ.

Се вчитува...