Истрагата на УЕФА за сомнежите за бројни лажирани натпревари од страна на албансскиот клуб Скендербег е во завршна фаза, а од Швајцарија стигнуваат информации дека инспекторите задолжени за овој случај во меѓувреме добиле и смртни закани од непознати лица.
Албанските медиуми минатата седмица најавија дека нивниот клуб го чека рекордна казна, суспензија од десет години од европските натпреварувања и парична казна од еден милион евра. Иако УЕФА се уште нема донесено конечна одлука, јасно е дека се подгоетвува ригорозна санкција, па според информациите од европската куќа на фудбалот, се врши неуспешен обид со вакви анонимни закани да се влијае врз инспекторите.
„Никогаш нема да дозволиме членови на УЕФА да бидат предмет на закани од трети лица. Свесни сме за случувањата, инспекторите знаат дека ја имаат нашата безрезервна поддршка“ – изјави на оваа тема претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА