Смртни закани за Андерсон по инцидентот со Нуњез

Јоакин Андерсон и неговото семејство добија смртни закани по инцидентот на вчершаниот натпревар помеѓу Ливерпул и Кристал Палас во кој фудбалерот на гостите изнуди црвен картон на Дарвин Нуњез.

Фудбалерите во текот на целиот натпревар водеа жестока битка која заврши со потег „а ла Зидан“ од страна на Уругваецот за кој доби директно исклучување.

Андерсон по инцидентот добил исклучиво непријатени пораки кои ги сподели на својот Инстаграм профил. Во истите фановите го оптужуваат за измамник, а дел од нив ја преминаа границата со надеж дека ќе се сруши авион и ќе почине целото негово семејство.

„Добив околку 300, 400 вакви пораки во текот на вечерта. Разбирам да го поддржуваш својот тим, но не би било лошо покрај тоа да покажеш и малку почит за другите и да престанеш да глумиш дека си опасен онлајн“, напиша Андерсон, а потоа и апелираше до Премиерлигата и властите во Англија да превземат нешто.

Се вчитува...