Екипата на Сампдорија грчевито се бори за опстанок во Серија „А“. Проблемот се лошите резултати, но и лошиот играчки кадар, а доцнат и платите, лигата се заканува со суспензија, но и претседателот на клубот Масимо Фереро е во огромни проблеми.
Навивачите токму него го обвинуваат како главен виновник за сите недостатоци на екипата, и тоа добил смртни закани на домашна адреса. За сето тоа зборувал пред медиумите.
„Три куршми пристигнаа на моја адреса пред 2-3 години. Стигнаа во плик и ми рекоа дека ќе ме убијат, а сега дојде уште една таква закана за мене и за доктор Гароне. Тој загуби многу пари и се понуди да ни помогне, и јас му се заблагодарувам. Веќе ја спаси Сампдорија еднаш, и треба да му се заблагодариме. Нему Сампдорија му е во вените, но куршум за мене и него не е добро ниту за фудбалот ниту е спорт. Полицијата мора да го запре ова насилство“, рече Фереро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА