Лошото судење во Премиерлигата е топ тема на „Островот“ од стартот на сезоната, а незадоволните Англичани ги преминаа границите откако упатија и смртни закани кон семејството на „делителот на правдата“, Мајк Дин, поради грешките на мечевите помеѓу Манчестер Јунајтед и Саутемптон, како и Вест Хем и Фулам.
Познатиот арбитар, кој години наназад суди во елитниот ранг на натпреварување во Англија, се пожали дека неговите најблиски се изложени на смртни закани, па побара да биде изоставен од натпреварите кои се во етерот следниот викенд.
Црвениот картон на Јан Беданрек од Саутемптон и исклучувањето на Томас Соучек од Вест Хем, беа поништени од страна на Премиерлигата откако лигата ја призна грешката на Дин, па дефанцивецот на „Светците“ и играчот на врска на „Чекичарите“ ќе им бидат на располагање на своите тимови во 24. коло од првенството.
Дин повторно ќе биде во центарот на вниманието на претстоечкиот дуел во ФА Купот помеѓу Лестер и Брајтон, кој е закажан за во среда, а Судиска комисија на Англија допрва треба да одлучи за неговото барање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

