Смртта на Сала доби разрешница – 18 месеци казна затвор за организаторот на кобниот лет

Несреќата во која загина аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала доби своја разрешница. Бизнисменот Дејвид Хендерсон е прогласен за виновен и доби година и половина затворска казна за организацијата на кобниот лет во кој животот го загуби Аргентинецот.

Тој е виновен бидејќи во организацијата на летот не ги испочитувал сите безбедносни мерки и протоколи, поради што животот го загубија Сала и пилотот на авионот. Хендерсон во целата ситуација се поставил неодговорно бидејќи го ставил личниот профит пред безбедноста на патниците во авионот.

Се вчитува...