Репрезентативецот на Србија, Сергеј Милинковиќ-Савиќ би можел ова лето да се врати во Серија „А“.
„Калчомеркато“ најавува дека Јувентус е заинтересиран за некогашниот фудбалер на Лацио, како замена за суспендираниот Пол Погба.
Сергеј и во минатото беше на „мета“ на Јувентус, во еден миг трансферот беше готова работа, но до него не дојде. Во меѓувреме заврши во Саудиска Арабија.
Србинот игра одлично и во Саудиска Арабија, и иако има уште две години договор, би можел да се врати во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА