Играчот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ речиси секој преоден рок се поврзува со најдобрите европски клубови. Во минатото Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Милан чекаа на редот за неговиот потпис, Лацио во еден момент за него бараше 100 милиони евра отштета, што беше премногу и за богатите клубови.
Затоа сега Србинот би можел да направи изненадувачки трансфер и тоа во Саудиска Арабија. Таа земја е моментално најреална опција за него. Овој 28-годишен играч наводно добил понуда од Ал Хилал и тоа да заработува 15 милиони евра годишно. Исто така и Лацио ќе добие околу 35 милиони евра за неговите услуги, со оглед дека договорот му истекува идното лето и ќе може да замине како слободен. Други информации, пак, велат дека популарниот СМС преговара за нов договор со „лацијалите“.
Милинковиќ-Савиќ во Лацио во 2015 година од Генк за 12 милиони евра. Но, римскиот клуб не успеа на него да заработи, со оглед дека бараше премногу пари. Во дресот на Лацио досега запиша 341 натпревар и постигна 69 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА