Фудбалерот на Ал Хилал, Сергеј Милинковиќ – Савиќ после само шест месеци би можел да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во Италија, тврдат италијанските медиуми.
Србинот долго време настапуваше за Лацио, а иако беше баран од големите европски клубови, на крајот се реши да ја прифати понудата од Саудиска Арабија, и покрај тоа што беше силна желба на Јувентус.
Ал Хилал за СМС плати 40 милиони евра, а клубот му понуди неверојатна плата. Меѓутоа сега се „засити“ од милионите, па би сакал да се врати во Италија.
Засега Интер е најзагреан за неговите услуги. Клубот од Милано се бори за „скудетото“ и би сакал дополнително да го засили тимот за да дојде до овој успех. Сега се ќе зависи од Ал Хилал кој ќе одлучи дали и за колку пари ќе го пушти Србинот да се врати во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА