СМС во Арсенал за 65 милиони евра

Италијанскиот „Кориере дела Спорт“ тврди дека Арсенал е сериозно заинтересиран за фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Артета покрај него на списокот има уште неколку играчи за врска како Тилеманс и Невес, но Србинот му бил најголема желба.

Милинковиќ-Савиќ веќе седум години е во Лацио, а за негово заминување се зборува речиси во секој преоден рок. Пред неколку години се споменуваа дури и 150 милиони евра. Договор има уште две години, а сега и самиот тој сакал да ја смени средината затоа што му требаат нови предизвици.

Арсенал е подготвен за СМС да тргне со 50 милиони евра, но Лацио бара дополнителни 15 милиони евра. Освен Арсенал, за Србинот е заинтересиран и Њукасл.

„Топчиите“ сакаат да го продадат Гранит Џака, и на негово место да дојде токму Милинковиќ-Савиќ.

Се вчитува...