Снајдер: Ако сакав, можев да бидам како Меси и Роналдо

Весли Снајдер неодамна ја заврши кариерата во која настапуваше за бројни европски гиганти, освои и една круна во ЛШ со Интер, но холандскиот ас дефинитивно има превисоко мислење за себе откако изјави дека лесно можел да го достигне нивото на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, доколку го сакал тоа.

„Убеден сум, ако давав 100% од себе на тренинзите и на натпреварите, ќе бев на нивото на Меси и на Роналдо. Поентата не е дали можев да ги стигнам, туку дали сакав да го сторам тоа, а јас едноставно не сакав. Мој избор беше да уживам и во други работи во текот на кариерата, да не се фокусирам само на фудбал. Воопшто не жалам што избрав така“ – истакна Снајдер.

Една работа е да бидеш самоуверен, но се чини дека зборовите на Снајдер се предалеку од реалноста.

Се вчитува...