МЗТ тргна со победа во полуфиналнатата серија против Блокотехна, а улогата на херој му припадна на Марко Симоновски, кој продолжи со одличните игри од Супер-лигата и на стартот од плеј-офот. Извонредниот шутер воопшто не влезе во игра во првата четвртина, но своето шоу го почна во вториот период, кога при негатива од 23-28 набрзина погоди две тројки.
Крајниот биланс изнесува девет тројки за вкупно 27 постигнати поени, кои беа клучен фактор на овој премиерен полуфинален дуел, но и најава за големи возбудувања во текот на целиот плејоф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА