Натпреварот меѓу ракометарите на Шпанија и Хрватска, закажан за денеска е одложен бидејќи аеродромот во Мадрид е затворен заради снежното невреме.
Хрватските ракометари требаше да слетаат со чартер на „Кроација ерлајнс“ на аеродромот „Адолфо Суарез-Барахас“ во Мадрид, денеска во 11 часот, а потоа во 18 часот да го одиграат натпреварот од ЕХФ Еврокупот во Мадрид.
„Иако хрватската ракометна репрезентација беше подготвена да патува рано утрово, за време на појадокот, во договор со ЕХФ и Шпанската ракометна федерација, донесена е одлука за одложување на натпреварот. Мадрид беше погоден од снежната бура ‘Филомена’. Вакво време немало повеќе од 50 години Зимите во Мадрид се инаку суви и прилично благи, а според последните информации многу улици се непроодни“, соопштија од Хрватската ракометна федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

