Снегот кој што во текот на целата вечер паѓаше во Анталија, можно е да го поремети планот на подготовките на нашите екипи кои се наоѓаат во овој туристички центар, но и на друите тимови кои се наоѓаат таму. Некои од екипите кои се во познатиот турски туристички центар веќе го сменија планот на подготовките, па денеска ќе минат во вежбалница, наместо на терен.
Проблеми со снегот нема Македонија ЃП кој се наоѓа малку подалеку, во Аланија, каде што во моментов врне силен дожд.
Денеска ниту еден наш тим кој е во Анталија нема закажано контролен натпревар, и можеби тоа е олеснителна околност, со оглед дека ќе беше проблематично поради снегот.
Инаку во овој дел на Турција ретко кога врне снег, барем оние кои долго време одат на подготовки во Анталија не се сеќаваат кога последен пат таму наврнало толкуснег како утрово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

