Снегот одложи еден натпревар од Бундеслигата

И официјално, мечот во Хамбург помеѓу Сент Паули и Лајпциг, кој требаше да се игра во сабота со почеток во 15:30 часот, е одложен поради лошите временски услови на северот на Германија.

Наноси од снег и студеното време придонесоа да се огласат од Бундеслигата, и официјално да соопштат дека овој дуел ќе се игра во некој друг термин.

Снегот и лошото време особено во западните и северните делови на земјата прават проблеми за одржување на натпреварите во Германија. Сепак, засега нема најави за други откажувања, односно се очекува останатите натпревари да бидат одиграни.

Се вчитува...