Снегот прави големи проблеми во францускиот фудбал

Француската фудбалска федерација донесе одлука да ги одложи сите натпревари во елитното ниво на женскиот фудбал, како и сите натпревари во пониските лиги за мажи поради проблемите кои ги донесе ладното време и големата количина на паднат снег. Натпреварите од Лига 1 ќе се играат според планираното, барем така стојат работите во моментов.

Се претпоставува дека нема да биде одложен ниту рагби натпреварот помеѓу репрезентациите на Франција и Аргентина, кој е закажан за викендот и ќе се игра на стадионот на Франција.

Бурата Каетано, која во четвртокот ја погоди Франција, предизвика многу ниски температури, силни ветрови и бројни одложувања на летовите. Националната метеоролошка асоцијација ги повикува граѓаните ширум земјата да внимаваат на снег и мраз.

Се вчитува...