Снегот предизвика хаос во Минхен: Откажан мечот на Баерн и Унион Берлин

Снежните врнежи предизвикаа вистински хаос во цела Баварија, посебно во Минхен, кој е покриен со снежна покривка. За помалку од 12часа паднаа повеќе од 40 сантиметри снег, па сето тоа, пак, предизвика и откажување на натпреварот меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин од Бундеслигата кој денеска требаше да се игра од 15:30 часот.

Јасно е дека теренот на „Алијанц арена“ има систем за греење и воопшто проблем не претставуваат условите за игра. Но, официјалните лица се одлучија за одложување водејќи се од основното начело гледачите да бидат сигурни при доаѓањето на стадион и при нивните услови за следење на мечот.

И јавниот превоз во Минхен привремено ќе биде во прекин, поради што и доаѓањето до стадион ќе биде отежнато, па поради сето тоа мечот е одложен.

Се вчитува...