Големото дерби на англискиот фудбал меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед ќе се одигра денеска во претходно утврдениот термин, со почеток во 17.30 часот.
Временските услови и снежните врнежи во текот на ноќта беа причина одигрувањето на дуелот да биде доведено во прашање, но од утрово беа одржани два кризни состаноци во Ливерпул. Откако снегот пред неколку часа престана да паѓа, беше донесена одлука натпреварот да биде одигран во предвидениот термин.
„Денешниот натпревар со Манчестер Јунајтед ќе се игра како што беше планирано. Два состаноци беа одржани во тек на денот за да се утврди можноста за патување и пристап до стадионот. Би сакале да се заблагодариме на сите оние кои дадоа придонес мечот да може да се игра денеска. Ако доаѓате на „Енфилд“, ве молиме внимавајте. Се гледаме таму“, објави Ливерпул на профилите на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА