За време на плеј-оф натпреварот помеѓу Ноах од Ерменија и Ружомберок од Словачка, снема струја, па така натпреварот е прекинат во 68. минута.
Одеднаш на стадионот „Абовјан“ во Ереван, се изгасија рефлекторите, по што судијата беше принуден да го прекине мечот.
Во момент на прекинот, Ноах имаше предност од 1-0, и е на добар пат да направи уште едно изнененадување. За потсетување дека Ноах ја елиминираше тетовска Шкендија во 1. квалификациско коло во ЛК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА