Снема струја во Ниш: Одложен мечот Србија – Белгија

Квалификацискиот меч меѓу Србија и Белгија што требаше да се игра вечерва во Ниш е одложен поради проблеми со осветлувањето во салата „Чаир“.

Натпреварот требаше да почне во 21 часот, кога на неколку минути пред стартот во салата се смрачи. Публиката во прв момент реагираше осветлувајќи ја делумно со илјадници мобилни телефони, но како што одминуваше времето така и нервозата на трибините стануваше се поголема.

Мечот за момент продолжи, но потоа повторно снема струја, а кога истиот проблем се појави и по третпат, стана јасно дека мечот нема да може да се игра вечерва.

Официјалните лица и претставниците на двете селекции се договорија дуелот да продолжи (при резултат 3-6 за Белгија) утре со почеток во 19 часот.

Се вчитува...