Првиот ден од новата година донесе апсолутен спектакл во Премиер-лигата, откако Ливерпул во фантастичен меч го совлада Њукасл со 4-2, зацврстувајќи се на првото место на табелата. Мохамед Салах беше во главна улога, со промашен пенал во првото полувреме, но потоа и со два гола и една асистенција во вториот дел, на својот последен меч пред заминувањето на Купот на Африкански Нации.
Интересна ситуација се случи по крајот на мечот можеше во сериозни проблеми со сопругата да западне менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, но работата ја спаси снимателот.
Имено, по последниот свиреж на судијата Тејлор, Клоп тргна кон трибините за да ја прослави победата, им аплаудираше на навивачите, а потоа во еден момент сфати дека му фали бурмата. Германецот веднаш почна да ја бара бурмата, побара помош од обезбедувањето, но работата ја спаси снимателот, кој му покажа каде се наоѓа бурмата.
KISS THE RING 😉 JURGEN KLOPP LOSES HIS RING ON ANFIELD TURF.
AND AFTER A FRANTIC SEARCH, IT ENDS WITH A KISS. 💋 pic.twitter.com/80i5Wc9nk8
— Men in Blazers (@MenInBlazers) January 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА