Снимка која го разбесни светот: Една од журките на Уругвајците на која Суарез се заразил со Ковид-19 (ВИДЕО)

На собирот на уругвајската репрезентација очигледно никој не се ни обидува да се заштити себе и другите.

Фудбалерите на јужноамериканската селекција за време на престојот во националниот камп имаа посебни журки за време на слободните денови на кои никој не ги почитувал мерките за заштита поради пандемијата на коронавирусот.

Токму по една од тие собиранки на Уругвајците за време на собирот на репрезентацијата и Луис Суарез се заразил од Ковид-19, поради што нема да биде дел од дербито меѓу Атлетико Мадрид и поранешниот клуб Барселона.

Уругвај во квалификациски натпревар за пласман на СП славеше против Колумбија со 3-0, а Суарез постигна еден погодок. Уругвајците за два дена ги чека домашната пресметка со фаворизираниот Бразил.

Се вчитува...