Не е никаква тајна дека една од главните причини поради кои Роналдо си замина од Јувентус е недоволната компетитивност на тимот во Лигата на шампионите.
Чести беа незадоволувачките изданија на Јуве во Лигата на шампионите, па и не зачудува видеото кое се појави од соблекувалната на „Старата дама“ на полувремето од минатогодишниот натпревар со Порто, реванш од осминафиналето во најквалитетното европско клупско натпреварување. Тогаш, Порто победи со 2-1 на првиот натпревар, а потоа во Торино на полувреме имаше предност од 0-1.
Роналдо на полувремето во соблекувалната очигледно не ја криел фрустрацијата….
„Не играме ништо! Ништо! Гомна! Играме како гомна! Секогаш…“ – беснее разочараниот Роналдо.
На тоа веднаш му се нафрла Хуан Куадрадо: „Зборувај и за себе. Треба да бидеш пример за сите!“, на што Роналдо дополнува:
„Да. И јас се вклучувам! Не играме ништо, треба да се каже вистината! Па ова е натпревар од Лигата на шампионите! Треба да се има карактер“ – враќа Роналдо.
Расправијата ја прекинува тренерот Андреа Пирло: „Доста, ајде! Доста Кри, доста Хуан!“.
Во продолжението со двата гола на Киеза, Јувентус успеа да дојде до 2-1 но во продолженијата натпреварот заврши со победа од 3-2 за „Старата дама“, па Порто поради гол повеќе на гости се пласираше во следната рунда натпревар, а Јувентус уште еднаш испадна од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА