Најполивалентната натпреварувачка во зимски спортови Естер Ледецка е сензационална победничка на првиот спуст во сезоната во алпско скијање, кој се возеше во канадскиот Лејк Луис. Чешката до победата стигна со време од 1.31.87 што беше за 35 стотинки подобро од второпласираната Корине Сутер од Швајцарија. Третото место и припадна Австријката Стефани Вение која доцнеше 45 стотинки зад времето на победничката. За потсетување Ледецка е олимписка шампионка во сноубординг, а беше сензационалистичка победничка и на супервелеслаломската трка на ЗОИ во Пјонгчанг.
Водечката во генералниот пласман, Микаела Шифрин денешниот спуст го заврши на десетата позиција со заостанување од 96 стотинка зад победничкото време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА