Снукер историја: О’Саливен со брејк од 153 поени

Рони О’Саливен испиша неверојатна страница во историјата на снукерот откако го оствари најголемиот брејк на сите времиња – со 153 поени од едно застанување крај масата.

Добро познато е дека максималниот брејк во снукерот изнесува 143, но О’Саливен ја надмина оваа бројка благодарение на својот противник Рајан Деј, кој при еден обид на самиот почеток остави „слободна топка“ на масата.

Ова  му овозможи на Рони да ја искористи зелената како слободна, почна со 8 поени пред да почне со „чистење“ на црвените и стигнување до неверојатниот рекорд.

Погледнете како се испишуваше снукер-историјата на Светското првенство во Кина.

Се вчитува...