Снукер-ѕвездата закачи тежок вирус во Кина: Белите дробови ми се на 40%

Еден од најдобрите снукер-играчи на денешницата, Нил Робертсон, објави дека ќе мора да паузира извесен период откако при настапот во Кина закачил тежок респираторен вирус.

Тој миннатата седмица стигнна до 1/16 финалето на гран-при турнирот во Сијан, но по враќањето дома добил тешки симптоми.

„По враќањето од Кина имам тежок респираторен вирус кој целосно ме скрши. Дишењето со над 40% од капацитетот ми беше невозможно, шест дена не можев да станам од кревет. Никогаш во животот ми се нема случено ништо слично. Сега сум на пат кон опоравување, но пред мене е многу работа. Ќе морам да одморам во наредниот период и затоа морав да го откажам настапот на турнирот во Северна Ирска, на кој толку многу сакав да учествувам, но за жал морам да го пропуштам. Немав друга опција“, објави Нил Робертсон.

Се вчитува...