Снуп Дог во друштво со тениска легенда уживаше во мечот на Ноле и Рафа (ФОТО)

Популарниот американски рапер Снуп Дог беше еден од оние кои имаа шанса во живо да го следат можеби и последниот меѓусебен дуел на тениските великани Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Србинот и Шпанецот на Летните олимписки игри во Париз го одиграа јубилејниот 60-ти меѓусебен меч кој му припадна на Ѓоковиќ кој покажа доминантна игра против вечниот ривал добивајќи го мечот со 2-0 (6-1, 6-4).

Снуп Дог мечот на великаните го проследи во друштво со поранешната најдобра тенисерка на светот, Вили Џин Кинг која во кариерата освои 129 титули.

Се вчитува...