Со Алегри нема шега – Италијанецот го шутна Бернардески (ВИДЕО)

Дербито за Торино му припадна на Јувентус кој славеше со 1-0 со голот на Мануел Локатели во 86. минута од натпреварот, но по крајот на мечот во медиумите фокусот е свртен кон ситуацијата од 62. минута кога во фокусот беа Масимилијано Алегри и Федерико Бернардески.

Имено, тренерот на „старата дама“ при изведување на аут го шутна својот играч во задникот, а овој пат имаше и интересна реакција.

 

Се вчитува...