Со гала свеченост во присуство на бројни личности од светот на спортот одбележана една година од спортскиот музеј „Спортс бир гарден“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со гала-свеченост на прекрасен начин синоќа во Дајмонд Мол свечено беше одбележан првиот роденден на спортскиот бар „Спортс бир гарден“, кој од моментот на формирање на идејата на неговите сопственици се преточи во првиот и уникатен македонски спортски музеј на гордоста кој на едно место ја собира целокупната македонска спортска историја!

Токму синоќа, на едногодишното одбележување од почетоците на најголемиот и единствен македонски спортски музеј од овој тип, на едноместо беа и сите најголеми имиња од спортскиот, јавниот и општествениот живот во Македонија.

„Со спортот во срце“ е мотивот на првите луѓе на веќе препознатливиот домашен бренд „Beer Garden“ кој точно една година реализира повеќе од племенита идеја која ги воодушеви сите љубители на спортот во Македонија.

Иван Ташковски, Александар Китановски и Јовица Николовски – сопствениците на спортскиот музеј на гордоста „Спортс бир гарден“

Истакнатите домашни вљубеници, финансиери и помагатели на спортот, сопствениците на „Beer Garden“, Јовица Николовски, Александар Китановски и Иван Ташковски, синоќа пречекаа бројни македонски спортисти и спортски работници како Шабан Трстена, Перо Антиќ, Горан Пандев, Марјан Илиевски, Бобан Грнчаров, Игор Митревски, Неџмедин Мемеди, Гоце Седлоски, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Александар Бајевски, Александар Васоски, Стевица Ристиќ, Даниел Мојсов, Срѓан Захариевски, Горан Станковски, Филип Ивановски, Предраг Русевски, Димитар Грабуловски, Ѓоко Хаџиевски, Борче Христов, Ванчо Балевски – Змија, Вели Мумин, Иван Марковски…, но и деканот на ФФОСЗ, Влатко Неделковски, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претседателот на МОК, Даниел Димевски, претседателот на ОФМ, Петар Јовановски, претседателот на КМФМ, Дејан Митровски – Урко, и уште бројни спортски работници и новинари.

Пред присутните, во име на спортистите, заблагодарувајќи се на сопствениците за оваа извонредно реализирана идеја зборуваше македонскиот олимписки шампион, Шабан Трстена.

А, во име на сопствениците, Александар Китановски искрено се заблагодари на секој спортист кој даде свој придонес овој музеј на гордоста да заживее…

 

Се вчитува...