Со голот во Скопје, Мусиала стана најмладиот стрелец на Германија на официјален меч

Последниот, четврти гол за Германија го постигна младиот играч Џамал Мусиала. Со 18 години, седум месеци и 15 дена, играчот на Баерн Минхен стана најмлад стрелец во историјата на оваа селекција на еден официјален натпревар, или втор најмлад стрелец во историјата на германската репрезентација.

Мусиала ја добива довербата од Флик, кој му беше тренер на Баерн Минхен, и максимално ја користи.

Тој инаку настапуваше во младите селекции на Англија, но се реши да го облече дресот на Германија и досега има девет настапи за германскиот национален тим и еден гол.

 

Се вчитува...