Со изборот на новиот тренер Швјонтек го повреди својот млад колега

Одлуката на Ига Швјонтек да го избере Франциско Роиг, еден од членовите на тренерскиот штаб на Рафаел Надал во текот на неговата кариера, за тренер, изненади многумина, но особено Џовани Мпеши Перикар, чиј тренер дотогаш беше Шпанецот.

„Никогаш не сум слушнал нешто вакво да се случи. Тој дури и не ми се јави да ми каже дека повеќе нема да ми биде тренер. Ова го дознав од мојот менаџер. Многу изненадувачки и разочарувачки“, изјави Перика. 

Перикар има 22 години, моментално е рангиран на 57-мо место во светот, а беше 29-ти. Висок е 2,01 метри и совршено ја користи таа висина за убиствен сервис. Тој почна да работи со Роиг пред околу еден месец. Пред тоа, Шпанецот работеше со Ема Радукану неколку месеци, а едно време беше и со Матео Беретини.

Се вчитува...