Со кого Манчестер Сити ќе го прави следниот „дил“ – Челси или Арсенал?

Манчестер Сити ова лето направи големи промени во својот ростер. По пристигањето на неколку фудбалери меѓу кои и Ерлинг Халанд следеа заминувања со тоа што во Челси премина Рахим Стерлинг, додека во Арсенал заврши Габриел Жезус.

До крајот на преодниот рок не се исклучува можноста за ново заминување во лондонските ривали, а овој пат во главната улога ќе биде украинскиот репрезентативец Олександар Зинченко.

Дваесетипетгодишникот кој е дел од тимот од 2016 година сака промена на средината за поголема минутажа, а за неговите услуги се борат Челси и Арсенал. „Сините“ гледаат на Украинецот како идеална замена за Макрус Алонсо, а „топџиите“ како долгорочно решение за левата бековска позиција.

Се вчитува...