Садио Мане минатата сезона се пресели во Баерн Минхен, и сите очекуваа од него да го замени Роберт Левандовски, кој, пак, се пресели во Барселона. Постигна 12 гола во 38 натпревари во сите натпреварувања, но имаше и испади во дресот на „Баварците“ по караницата со својот соиграч Лерој Сане, што беше капка која ја прели чашата.
Финансиски никој нема да мине лошо. баерн добро ќе инкасира од трансферот, ќе добие повеќе од она кое му го плати на Ливерпул, додека Мане ќе заработува „солена“ сума на пари во Саудиска Арабија во Ал Наср.
Томас Тухел зборуваше за ситуацијата со Сенегалецот, и откри дека двајцата се согласиле дека разделбата е најдобрата опција.
„Мане имаше тешка година. Не можеше да придонесе онолку колку што клубот и самиот тој се надеваше. Се прегрнавме двајцата и се сложивме дека ниту мене, ниту нему не му се допаѓа тоа што се случува во моментов, и мислиме дека е најдобро да оди. Целосно го разбирам дека се чувствува повредено, никој не е среќен поради ова што се случи, но едноставно такви работи се случуваат“, изјави Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

