ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)
Македонската репрезентација главно со идентичен состав, како и од дуелот против Австријците, се очекува да се спротистави на Украина во вториот натпревар од Групата Ц на ЕВРО 2020.
Нема да има многу промени во составот на Игор Ангеловски, со тоа што се очекува засилена дефанзивна линија со тројцата „природни“ стопери на централните позиции, и дополнети со Алиоски односно Стефан Ристовски на страничните дефанзивни позиции.
Во средниот ред се очекува истата тројка од првиот натпревар со Адеми, Николов и Барди нешто поофанзивно веднаш зад напаѓачите Елмас и Пандев.
На Македонија безусловно и се неопходни три бода од пресметката со Украинците доколку се сака да се остане во игра за вториот круг, како што беше и зацртаниот план на селекторот Игор Ангеловски пред настапот на Европското првенство 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА