Со музиката на Роби Вилијамс придружуван од руските оперски диви и бројни оперски пеачи од Русија свечен отворено 21. Светско првенство – Русија 2018!
На убав начин отворен е најскапиот Мундијал во историјата, Светско првенство кое ќе чини 12 милијарди долари… Минатиот шампионат во Бразил го следеа 3,2 милијарда луѓе, а сега се очекува и надминување на оваа бројка.
ФИФА објави и дека на учесниците на СП 2018 ќе им додели вкупно 668 милиони евра награда, што е зголемување за 40% во однос на претходното првенство во Бразил.
Победникот на првенството ќе биде побогат за 32 милиони евра, а финалистот ќе добие 23,6 милиони евра. За третопласираниот се предвидени 20,7 милиони евра, а за четвтриот на шампионатот – 18,6 милиони евра.
Првенството се отвора на „Лужњики“ со натпреварот меѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија… А, топката на центарот ја донесе Роналдо, оној „вистинскиот“ – бразилскиот, како личност вклучен во организацискиот одбор и промотор на Мундијалот 2018!
A, добро познатиот трофеј, екстремно посакуван од учесниците и на ова Светско првенство, на „Лужњики“ го донесе Икер Касиљас… А, друштво на легендарниот шпански голман му праваше убавицата Наталија Водјанова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА