Неколку измени во стартниот состав, во однос на претходниот натпревар со Данска во Копенхаген, најави македонскиот селектор Гоце Седлоски за вечерашниот дуел на „Авива стадионот“ во Даблин против Република Ирска.
Сосема е јасно дека апсолутно нема незначаен натпревар кога се игра во националниот дрес, поради што и најавите од репрезентативен табор дека мора да се игра максимално во желбата за позитивен резултат, и поправање на лошиот впечаток од дуелот со Данците.
Согласно очекувањата, сега во стартниот состав на Седлоски најверојатно се враќа Тихо Костадинов, кој паузираше поради жолти картони со Данска, а Елиф Елмас треба да добие поофанзивна улога во однос на онаа – последен играч за врска, која ја имаше во Копенхаген. Се очекува во почетниот тим во средниот ред да биде и Исник Алими.
„Ќе има неколку измени во стартниот тим тоа сигурно, но костурот ќе остане ист“ – истакна селекторот Седлоски.

Согласно новите правила на ФИФА за пријателски натпревари, двата тима ќе имаат можност за по осум измени, што значи дека речиси сите фудбалери ќе добијат можност за настап вечерва во Даблин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
