Со Ноле никогаш не е здодевно: Ѓоковиќ танцува „сиртаки“ на лента за трчање

Новак Ѓоковиќ е подготвен, но и одлично расположен во пресрет на настапот за српската репрезентација против Грција во рамките од Дејвис-куп натпреварувањето што ќе се одржи во Белград.

Доказ за тоа е и видеото што најдобриот светски тенисер го објави на својот профил на тик-ток, на кое Ѓоковиќ танцува сиртаки, и тоа додека тренира на лента за трчање…

Погледнете како изгледа последниот тренинг на Ноле пред пресметките со грчките тенисери во Дејвис-купот…

Се вчитува...