Со нови македонски рекорди Ивановски и Поп Арсова славеа на Скопскиот маратон

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова се победниците на Скопскиот маратон кој денеска во конкуренција од речиси 150 маратонци се одржа во глвниот град, а притоа македонските атлетичари успеаја и да постават нови државни рекорди.

Ивановски маратонкот го заврши со време од 02.21.27 пред Босанецот Младен Ставановиќ и Германецот Давид Перлич, додека Поп Арсова маратонот го заврши со време од 02.40.36 кое беше за три минути побрзо од Еквадорката Силвија Јукаила и Билјана Кираџиева.

Машиот полумаратон му припадна на Бугаринот Ценков кој истиот го заврши со време од 01.09.10, додека кај дамите славеше Милјана Ристиќ со време од 01.26.09.

Се вчитува...