Со новите правила во англискиот фудбал Солскјер и Биелса би останале без ангажман

Напуштањето на Европската унија од страна на Велика Британија ќе има сериозни последици кон англиските клубови. Новите правилници го отежнуваат влезот на тренери и фудбалери во државата, а притоа треба да се задоволат и пет критериуми со кои бројни тренери меѓу кои и Оле Гунар Солскјер и Марсело Биелса не би можеле да работат.

Секако, мерките не се ретроактивни, што значи дека странците кои моментално работат во англискиот фубал, а не ги задоволуваат критериумите ќе можат да продолжат со работа во своите клубови. Критериумите се утврдени на 12 страници, а меѓу нив е и правилото кое вели дека за еден тренер да може да биде на чело на англиски клуб мора да работи неприканато две или три години во последните пет години.

Доколку не ги задоволува критериумите, постои начин за добивање на дозвола којa вели дека тренерот морал да води една од најдобрите 50 репрезентации според ранкингот на ФИФА, и истото да биде непрекинато во период од пет години пред поднесување на пријавата.

„Брегзит првилата“ може да го осиромашат англискиот фудбал, поготово во период кога Премиерлигата од сезона во сезона го крева квалитетот, но со овој потег ќе се заштитат англиските фудбалери. Оваа сезона во првиот ранг на натпреварување во Англија има 323 странски фудбалери што изнесува 62.8% од вкупниот број играчи.

Се вчитува...