Веројатно повеќе од очекувани вести пренесува француски „Л’Екип“, кога е во прашање Јирген Клоп.
Германецот, според пишувањето на Французите, и дефинитивно ја напушта компанијата Ред Бул.
Таму тој ја имаше функцијата директор и беше задолжен за клубовите под оваа организација, со цел да им помогне во подобрувањето и да ги води кон успех со своето знаење.
Сепак, по 14 месеци, очигледно ќе има разделба, бидејќи, наводно Ред Бул, не се задоволни од резултатите, особено во Лајпциг и Салцбург, каде имаше задолженија Клоп.
Самиот Клоп се чини дека ќе се врати на тренерската работа, а во претходните месеци се споменуваше дека Реал Мадрид сака да го види на својата клупа.
Во исто време, има информации дека Ред Бул ќе го доведе Оливер Глазнер на местото на Јирген Клоп.
Австриецот е во последната година од договорот со Кристал Палас, одамна е познато дека нема да го продолжи и дека ќе биде достапен за други работни места од јуни 2026.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

